Насер Ориќ ќе биде екстрадиран во БиХ

Насер Ориќ ќе биде екстрадиран во БиХ

Правосудните органи на Швајцарија денеска одлучија воениот командант на муслиманите во Сребреница, Насер Ориќ да го екстрадираат во Босна и Херцеговина, иако барање за екстрадиција поднесе и Србија, објави МИА.

Ориќ беше 14 денови во екстрадициски притвор. Поради безбедносни причини времето на екстрадицијата на Ориќ во БиХ не е објавена.

Швајцарскитре власти наведуваат дека Ориќ ќе биде екстрадиран во БиХ поради фактот дека делата за кои се товари ги направил во БиХ.

Ориќ е уапсен на 10 јуни во Швајцарија врз основа на потерница издадена во Србија. Потерницата во Србија по Ориќ е распишана во 2014 година под сомнение за воени злосторства над српското население во Сребреница во 1992 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.