Нашиот идентитетот е како Пиреј, не може ништо да го уништи

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов, денеска од Демир Хисар уште еднаш изјави дека од името на македонските граѓани, нема да прифаќа извештаи за земјава кои не ги вклучуваат идентитетските одредници, кажувајќи го јасно ставот за проблемот што нашиот јужен сосед го има со името на нашата држава

„Официјална Атина си има проблем и сака ние нејзиниот проблем да го решаваме. Ни го создала тој проблем, и сега тоа ги попречува нашите евро-интеграции, евро-атлантски интеграции. Тие сакаат да се откажеме од нашиот идентитет, замислете. Очигледно дека креаторите на оваа политика не го читале Пиреј, не го читале нашиот великан Петре М.Андреевски, кој вели: „Народот, идентитетот е како Пиреј, не може да се искорени, не може да се изгуби, ништо не може да го уништи“. Затоа издржавме, и ќе издржиме“, истакна Иванов, кој ги увери своите поддржувачи дека нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име. Според него, народот единствено има право да го каже последниот збор за ова прашање.

Тој напомена дека се зголемува бројот на поддржувачите, кои велат дека кон Македонија е сторена неправда. Исто така, Иванов упати јасен став и за неотстапувањето од определбата за ЕУ и НАТО, давајќи пример за  учеството на нашите мировници во повеќе мировни мисии.

Иванов, ги демантираше и последните обвинувањата за лошите меѓусоседски односи, велејќи дека  Иванов сите тие се наши трговски партнери и економијата со сите расте. А, посочи и на цврстите културни и образовни врски.

„На нашиот регион му треба нова инфраструктура, му требаат брзи автопатишта, му требаат брзи пруги, требаат нафтоводи, гасоводи, ни треба брз интернет. Тоа го сакаат генерациите кои растат во целиот наш регион. Доста им се конфликти, доста им се војни. Сакаат сите млади да живеат во мир и просперитет. Затоа, ги поддржуваме сите регионални иницијативи, кој носат мир и просперитет за сите нас. Затоа, сите реформи што ги прави Владата, се поддржани од моја страна. Секоја реформа има за цел да го подобри животот на секој поединец. Секој од вас осетил разлика во овие изминати години и годините претходно. Тоа го чувствуваат и пензионерите, тоа го чувствуваат и земјоделците. Тоа го почувствуваа и учениците  со без платните  учебници и студентите со стипендиите. Тоа го почувствува секој успешен што сака да конкурира на странските универзитети“, рече Иванов, кој ја потенцираше важноста на тимската работа, која на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и’ донесе голем тимски успех.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.