Нашите одбојкари покажаа дека можат да се надигруваат со најдобрите

Македонија е одбиена за настап во Светската лига - надеж сеуште постои

Утрово почна состанокот на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) во Лозана, на којшто се дефинираат насоките за идната сезона во Светската лига, а Македонија шансата ја бара преку административна пропусница за учество.

Од канцелариите на ОФМ се чека со оптимизам да се оствари посакуваната цел. Не станува збор дека Македонија не може, или не е подготвена за учество во Светската лига, напротив постои желба да се учествува и да се постигне што поголем успех.

Одбојкарската федерација е подготвена за Светската лига, се надеваме дека вестите од Лозана ќе бидат позитивни. Очекувам и дека една таква убава вест ќе претставува покана за нови помагачи на оваа вредна репрезентација. Овие момци заслужуваат да играат во така престижно натпреварување, вели Зоран Карановиќ, генералниот секретар на ОФМ.

Нашите одбојкари покажаа дека можат да се носат со "најголемите" во одбојката
Нашите одбојкари покажаа дека можат да се носат со “најголемите” во одбојката

Македонија се надева за место во Светската лига врз основа на освоениот сребрен медал во Европската лига. Прописите велат дека директно, загарантирано место во Светската лига има само шампионот на Европската лига, во случајов Словенија. Меѓутоа минатата сезона имаше случај кога првпат и вицепрвакот, Грција, доби привилегија да учествува.

Бројот на екипите во оваа лига се менува од година во година, а бидејќи лани беше донесена одлука да биде проширен на 32 учесника, на Грците им се укажа шанса.