Насилни протести на инаугурацијата на Трамп, стотина уапсени (ФОТО+ВИДЕО)

Стотина демонстранти се уапсени на насилните протести организирани од десетици соросови организации, кои денеска демонстрираат по повод инагуруацијата на новиот американски претседател, Доналд Трамп.   Протестите во Вашингтон, во близина на инаугурацијата на Трамп станаа насилни, по што полицијата употреби солзавец против демонстрантите, а има и поголем број повредени лица.

Полицијата во Вашингтон употреби солзавец и бибер гас повторно демонстрантите. Некои од демонстрантите добија лекарска помош, а други повраќаа. Полицијата ги блокира двете страни на улицата, демонстрантите фрлаат со разни предмети, а подигнаа и барикади од автоматите за весници.

solza

Маскиран демонстрант скрши прозорец од филијалата на „Банка на Америка“, додека други развеаја знамиња со боите на виножитото. Портпаролот на полицијата изјави дека се приведени над 90 луѓе. Меѓу приведените е и новинарот на руската телевизија „Раша тудеј“ во САД, Александар Рубинштајн.

solza-1

Полицијата употреби спреј за контрола на толпата, од кои некои биле вооружени со хебли и чекани, соопштија властите.