сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 55

Насилни протести во Атина – Демонстрантите фрлија бомба кон полицијата! (ВИДЕ0)

Протестот се одржува во моментот кога Европската Комисија, Европската централна банка, ММФ и Европскиот фонд за стабилизација, вршат ревизија на реформите на кои се обврзала Грција.

Насилни протести во Атина - Демонстрантите фрлија бомба кон полицијата!

Насилни протести во Атина - Демонстрантите фрлија бомба кон полицијата!

Поврзани вести

Околу 24.000 луѓе се наоѓаат на улиците на Атина.

Грчката полиција денес употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои се противат на мерките за штедење, а кои фрлале молотови коктели во центарот на Атина. Молотов коктел бил фрлен и на Националната банка на Грција.

atina2

Во Грција нема да има летови на домашни линии, бродовите не пловат, а јавните служби ќе бидат затворени. Во болниците ќе работат само итните служби, а некои државни училишта ќе бидат затворени, бидејќи наставниците и учениците, докторите, новинарите и вработените во сообраќајните служби се приклучиле кон првиот голем штрајк оваа година.

Во другиот најголем град, Солун, демонстрантите ги заземале улиците и им си приклучиле на своите сонародници во генералниот штрајк.

atina

Во Атина се слушнала експлозија која одекнала во градот, откако демонстрантите фрлиле бомба со бензин кон полицијата на плоштадот Синтагма. Полицијата користела солзавец на насобраните луѓе.

Протестот се одржува во моментот кога Европската Комисија, Европската централна банка, ММФ и Европскиот фонд за стабилизација, вршат ревизија на реформите на кои се обврзала Грција.

 

Најчитани вести