Насилниците од протестите во паника: Од каде и’ се информациите на Мирка Велиновска?

Демолирање на канцеларијата на претседателот Иванов
Демолирање на канцеларијата на претседателот Иванов

Хулиганите кои со денови дивеат низ Скопје и уништуваат историски објекти, а се насилни и кон полицијата, сега се во паника. По колумната на новинарката Мирка Велиновска која ја разбрани македонската јавност, на текст во Дневник насловен како „Нема правда-нема мир за да има пари“, Левичарското движење солидарност испрати писмо до весникот во кое јасно ја покажува својата паника.

Насловот на писмото е „За да не сопрете, ќе треба да се помачите“, а во продолжение ви пренесуваме дел од него:

Но, во текстот на Велиновска, ЛД Солидарност е обвинето за поттикнување судири помеѓу бегалците во Идомени и македонската полиција, без приложување ниту еден доказ – и уште поважно, не земајќи предвид дека по долги недели и месеци заглавеност на границата во нехумани услови, соочени со бодликави жици и огради на сите страни, на бегалците им се насобра толку гнев што двапати тој се изли без контрола, но и без посебен поттикнувач. Ние немаме интерес да ги бунтуваме бегалците и да ги изложуваме на ризикот по толку долг пат тие да бидат натепани или напаѓани со солзавец и гумени куршуми од македонските безбедносни сили. Авторката, намерно или не, објавува детали како нашите активности се водат оперативно, претпоставуваме во МВР, под кодни имиња, објавува лични телефонски броеви, имиња на странци… Не навлегувајќи во моментов во (не)точноста на нејзините наводи, се наметнуваат повеќе прашања: Од каде се нашле податоците кај авторката? Дали МВР ја следи работата на ЛД Солидарност? Дали нашите телефонски броеви и другата електронска комуникација се следени? Дали МВР слободно ги дели разузнавачките податоци со цел да се повикува на линч на одредени луѓе и групи? Kрајно малициозно, во текстот се објавени и лични информации на наши членови, а се прозиваат и луѓе што повеќе не се или никогаш воопшто не биле дел од Солидарност, и чии имиња веројатно се земени од одделот за наши публикации на нашата веб-страница (публикации кои патем вреди да се прочитаат). Од друга страна, јавно достапни информации на нашата веб-страница (како на пример извори на финансирање или нашата адреса) или од Централниот регистар се пласираат како којзнае какви откритија, повторно со голема тенденциозност и пакост. Очигледно е дека целта на ваквиот начин на агитација и пропаганда, типичен за разузнавачкото подземје, е да се насочи гневот на сите оние што ќе паднат на ваквите небулози кон нас и нашите другарки и другари. Со тоа давајќи им податоци од личен карактер, директно се поттикнува јавен линч на посочените неистомисленици, пишува Левица.

Целото нивно писмо, прочитајте го на Дневник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.