Насилните протести ескалираа – Повредени 11 полицајци

Единаесет полициски службеници се повредени и пренесени во болница за време на вечерашните протести пред македонската Влада.

Во Градската болница се задржани 7 полицајци, а 4 повредени нивни колеги се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Насилните протести ескалираа, протестантите удрија по полицајците на должност. Кон нив маваа со разни предмети, но и со шипки и стаклени шишиња.

Еден од полицајците според информациите е потешко повреден. Полицајците успеаја да ги истуркаат граѓаните до булеварот „Свети Климент Охридски“, и покрај тоа што учесниците на протестот возвратија, во обидот да се пробијат до владината зграда. Каменувани се и две возила на Министерството на внатрешни работи.

На партискиот собир демонстрантите по секоја цена сакаа да изнудат инциденти и судир со полицијата, која ја каменуваa, навредуваа и напаѓаa брутално, притоа уништувајќи државен имот.