Насилството не може да биде одговор на желбите на украинскиот народ

Министерот за надворешни работи на Франција, Лоран Фабиос изрази надеж дека во блиска иднина ќе бидат реализирани конкретни мерки за излез од политичката криза во земјата, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

„Насилството и радикализирањето не можат да бидат одговор на желбите на украинскиот народ“, се вели во коминикето на францускиот министер за надворешни работи, во кое се додава: „По повиците за дијалог во најблиско време треба да следат конкретни чекори“.

Фабиос повика на итно прекинување на насилството и продолжување на дијалогот меѓу властите на Украина и опозицијата.