Наскоро 42 милиони евра помош за поплавените во БиХ

Првата транша од донаторските средства од Европската Унија за помош на поплавените подрачја во Босна и Херцеговина од 42 милиони евра би требало да биде оперативна во следните неколку дена, потврдила Делегацијата на ЕУ во БИХ.

За средствата да бидат оперативни, Владата на Федерацијата БИХ именувала членови на Управниот одбор на Фондот за помош на настраданите. Побарани се податоци за бројот на домовите кои итно треба да се санираат.

Утврдени се и креитериумите по кои ќе се доделуваат средствата кои се исти и за физичките и за правните лица.