Наскоро и копнена офанзива против ИД во Ирак

Во текот на следните недели ирачките трупи ќе започнат копнена офанзива, со цел повторно да заземат делови од земјата кои се под контрола на џихадистичката група Исламска држава (ИД), изјави денеска координаторот на меѓународната коалиција против џихадистите Џон Ален.

– Тоа ќе биде голема копнена контраофанзива во Ирак. Во неделите кои следат, кога ирачките сили ќе почнат копнена офанзива, коалицијата ќе обезбеди поддршка согласно неа, најави Ален, додавајќи дека офанзивата ќе ја водат Ирачаните.

Тој ги отфрли обвинувањата дека постоело одложување во американското снабдување со оружје и обуката на ирачката војска, истакнувајќи дека САД прават се што е потребно за да помогнат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.