вторник, 6 декември 2016  |  Вести денес: 0

Наскоро ќе почне да се гради обиколница во Вевчани

Обиколницата ќе се протега од влезот на населбата, од фабриката Вевчанка до Здравствениот дом, за што ќе бидат инвестирани 23 милиони денари преку Министертсвото за транспорт и врски.

vevcani

Последни вести

Привршуваат последните подготовки за отпочнување градежни активности за изградба на обиколницата во Вевчани. Градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски информира дека е избран изведувачот и за околу две недели треба да почнат градежните работи.

Обиколницата, појасни тој, ќе се протега од влезот на населбата, од фабриката Вевчанка до Здравствениот дом, за што ќе бидат инвестирани 23 милиони денари преку Министертсвото за транспорт и врски.

– Обиколницата е желба на вевчанци подолго време. Ќе значи многу посебно во летниот период кога има многу гости во соседните населени места Октиси, Подгорци и Лабуништа, а се поврзани преку сегашниот пат и центарот на Вевчани е оптоварен, изјави Угриноски.

Овие населени места, додаде, ги користат и услугите на Здравствениот дом во Вевчани, а со изградбата на обиколницата освен растоварувањето на сообраќајот во центарот ќе се скрати патот за жителите на околните населени места.

– Покрај растеретување на сообраќајот во центарот на Вевчани обиколницата ќе овозможи скратување на возењето, а ќе се отворат и голем број парцели, градежни и за лесна индустрија што предвидува новиот Генерален урбанистички план, истакна Угриноски.

Вевчанскиот градоначалник информира дека наскоро треба да почне и изградба на нова улица во должина од 400 метри, која ќе поврзува земјоделско земјиште со населеното место.

Најчитани вести