сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 32

Наскоро ќе профункционираат првите амбуланти во руралните средини

Постапката за отворање за најголем дел од амбулантите веќе е завршена или е во финална фаза постапката за доделување под закуп.

тодоров

Последни вести

Во втората половина или најдоцна до крајот на месецов ќе почнат со работа првите амбуланти во руралните средини за кои неодамна го отворивме  огласот за отворање ординации на матични доктори по општа медицина, најави денеска министерот за здрвство Никола Тодоров, објави МИА.

Прецизира дека во постапката за отворање за најголем дел од амбулантите веќе е завршена или е во финална фаза постапката за доделување под закуп.

– Во општина Охрид веќе е во завршна фаза отворање на ординацијата во село Пештани, со што ова населено место повторно после неколку години ќе добие матичен доктор. Докторот ќе има обврска да згрижува пациенти два дена во неделата во село Љубаништа и еден ден во село Трпејца, што значи и овие населени места ќе бидат покриени, со што бенефит ќе имаат вкупно околу 2.000 жители, рече Тодоров на денешната прес-конференција.

Посочи дека за многу скоро време ќе почне со работа и амбулантата во општина Ранковце со која ќе се обезбеди континуирана здравствена заштита за околу 4.500. жители од овој реон кои гравитираат кон амбулантата во Ранковце. Договор за давање под закуп на амбуланта веќе е потпишан во кичевското село Другово каде околу 1.000 жители ќе имаат матичен доктор блиску до своето место на живеење. Во завршна фаза е и постапката за издавање на амбулантата под закуп во прилепското село Витолишта со што постојана здравствена заштита ќе добијат околу 700 жители.

– За останатите 13 места, денеска повторно ќе објавиме оглас, со цел повторно да ја отвориме можноста за пријавување на заинтересирани кандидати и обезбедување доктор во велешките села Иванковци, Богомила, Бузалково, со обврска за покривање пункт во с.елоИзвор, во село Долни Стубол Пробиштипско, во селата Локвица и Долни Манастирец во општина Македонски Брод, во селата Николиќ и Фурка во општина Дојран, во дебарско Горно Косоврасти, Крупиште општина Карбинци и штипско Лакавица, во тетовското село Мерово и кумановското .Арбанашко, рече Тодоров.

Потсети дека за секоја новоотворена рурална ординација по општа медицина согласно огласот, се склучува договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Ординацијата ќе добива зголемен износ на капитацијаи тоа најмногу 90.000 и најмалку 60.000 денари за месец. Лекарот првите 24 месеци или додека не надмение 700 пациенти ќе може сам да ја објавува функцијата, односно без медицинска сестра.

– Достапноста на здравствената заштита до секој граѓанин во државата е во фокусот на најголем дел од мерките и проектите кои ги спроведува Министерството за здравство. Целта е да ги доближиме здравствените услуги до граѓаните, да ги добиваат во своето место на живеење, и да заштедат пари, време, енергија, кои претходно ги трошеле за патување до други градови за да ја добијат здравствената услуга, потенцира министерот Тодоров.

Најчитани вести