Наскоро ќе се откријат тајните што ги кријат сефовите на Аркан

Приватните сефови на Жељко Ражњатовиќ Аркан ќе бидат отворени и нивната содржина ќе биде целосно проверувана, одлучи судот на барањето на Обвинителството за воени злосторства, пишува „Блиц“.

Весникот најавува дека ќе открие колку сефови има Аркан во банките, бидејќи Обвинителството за воени злосторства е заинтересирано за нивната содржина, а за масовните убиства Хашкиот трибунал би можел да го обвини Аркан.