Македонија

Наскоро ќе започне првата фаза од реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“

Наскоро ќе започне првата фаза од реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска изјави дека е завршено поднесувањето на понуди за првата фаза од реконструкцијата на студенскиот дом „Гоце Делчев“ и оти во следните денови треба да се одржи електронската аукција.

По нејзиното завршување, доколку се биде во рамки на законот, се очекува да започне првата фаза од реконструкцијата на студенскиот дом, истакна Ристовски, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новите новите сместувачки капацитети во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда.

На студентите кои се сместени во оние делови од домот кои први ќе се реконструираат, ќе им биде понудено сместување во другите студенски домови.

– Можеби нема да може да одговориме во целост на сите потребни барања, но треба да бидеме рационални бидејќи многу е поважно во следните две години како што е планирано во фази да заврши комплетната реконструкција и да се обезбедат соодветни услови за студентите, рече Ристовски.

За студенскиот дом „Невена Ѓорѓиева-Дуња“ познат како Медицинар, како што информира Ристовски, има изготвено проектен план и ќе се планираат следните чекори.