Наскоро и мажите ќе раѓаат деца

Со оглед на тоа дека хирурзите успеаја успешно да пресадат матка на жени кои се родени без тој орган, многумина се запрашале дали во иднина на овој зафат ќе може да бидат подложени и мажите.

Одговорот е позитивен. Теоретски, организмот на мажите може да прими матка, да носи бебе и да го роди, а таа можност им е поблиска отколку што мислите.

-Претпоставувам дека таквите зафати ќе бидат достапни за пет до десет гоини, а можеби и порано, вели доктор Кетрин Чанг, директорка на програмата за зачувување на репродуктивното здравје од Универзитетот во Јужна Каролина.

Денес, благодарение на напредокот на медицината трансродните жени со помош на хормони може да добијат вистински гради, да дојат, па дури со операција да дојдат и до потполно функционален клиторис.

Се до сега, матката им беше недостапна.

-Се обложувам дека секоја трансродна жена би сакала да подлегне на таква операција, вели доктор Кристин Мекгин, хирург кој изведува операции за промена на пол и која е главен советник за новиот филм „Данската девојка“.

Трансплантацијата на матка е во развој, но шведскиот тим успеал конечно да пресади матка од жив донот, а на таков начин родени се пет бебиња. Сега Клиниката во Кливленд планира да пресади матка од починат донор во тело на жена.

Операцијата е опасна и бара специјални инекции за време на бременоста, што го зголемува ризикот од инфекција, но за жените, како и за многу трансродни личности целта е вредна за ризик.

Меѓутоа, биолошките жени имаат предност во однод на билошките мажи кога станува збор за прифаќањето пресадување матка. Тие веќе имаат мрежа на крвни садови потребни за снабдување со крв на матата, карлични лигаменти кои ја држат, вагина и грло на матка како и природни хормони кои ја подготвуваат матката за бременост.

Мажите немаат ништо од тоа, но бременоста за нив не е невозможна мисија. Моментално најголем проблем е префрлувањето на ембрион во трансплантирана матка.

Уште поголем проблем се финансиите: пресадувањата генерално се многу скапи.

-Ќе биде тоа прашање на класи. Само богатите луѓе ќе можат да го прават тоа, смета Мекгин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.