недела, 25 декември 2016  |  Вести денес: 21

НАСКОРО: Национална канцеларија за транфер на технологии

Наскоро ќе биде отворена Национална канцеларија за трансфер на технологии во која сите заинтересирани на едно место ќе можат да ги добијат сите неопходни информации за примена на нови технологии и иновации.

spiro-ristovski-pres-mon

Последни вести

Наскоро ќе биде отворена Национална канцеларија за трансфер на технологии во која сите заинтересирани на едно место ќе можат да ги добијат сите неопходни информации за примена на нови технологии и иновации.

Ова го најави денеска заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Се работи за проект на кој МОН интензивно работи и кој е дел од нашите програмски определби за поддршка и поврзување на високо образовните установи, научно-истражувачките институции и стопанството низ призма на трансфер на технологии и примена на иновации во насока на поттикнување и стимулација на севкупниот општествено-економски напредок на државата, рече Ристовски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека во многу земји постои позитивно искуство од воведувањето на ваквата институција и нагласи дека како идеја била прифатена уште од самиот почеток од МАНУ, петте државни универзитети, УЈИЕ, трите стопански комори, бизнис заедницата, МБПР, Институтот за акредитација и Фондот за иновации и технолошки развој.

Целта на нејзиното основање е да се централизира понудата на услуги од типот на советување на македонските компании во делот на интелектуална сопственост, заштита и права, увоз, односно приспособување и примена на технологии и иновации кои не се нови во светот, но може да бидат нови кај нас, како и за учество во програмите на ЕУ преку подучување за начинот и постапката за аплицирање со проекти, појасни Ристовски.

Националната канцеларија, потенцира, ќе има и свој регистар на експрети за разни индустриски области од земјава, како и регистар на достапни лаборатории и услуги на лобораториите.

Нејзината техничка опременост и цеосна функионалност ќе биде финасискиовозможена од МОН, кое во рамките на „Проектот за развој навештини за поддршка на иновации“ има предвидено поетен буџет во висина од речиси еден милион евра. Со отворањето се очекува значително да се подобрат технолошките капацитети на домашната индустрија преку намалувањето на јазот помеѓу знаењето и достигнувањата достапни на глобално ниво и во земјава, рече Ристовски.

Најчитани вести