Македонија

Наскоро опрема вредна 113 милиони денари во ГОБ „8 Септември“

Наскоро опрема вредна 113 милиони денари во ГОБ „8 Септември“

Министерот за здравство Никола Тодоров при денешното пуштање во употреба на новиот компјутерски томограф во болницата „8-ми Септември“ најави дека тоа е само дел од опремата планирана за градската болница.

-Ова е само дел од новата опрема што ја набавуваме за Градската општа болница „8-ми септември“. Во тек е набавка на комплетно нова опрема во вредност од 113 милиони денари. Се набавуваат вкупно 90 парчиња опрема со што сериозно ќе се зајакнат сите одделенија на болницата и ќе се направи сериозно обновување на опремата со која располагаат, изјави Тодоров.

Тој дека Градската општа болница „8 Септември“ бележи раст од 20 проценти на околу 60 илјади амбулантските услуги во 2016 година, споредено со 50 илјади прегледи во истиот период во 2015 година.