четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 70

Наскоро почнува реконструкција на уште три основни училишта

Ќе се реконструираат основното училиште„Св. Кирил и Методиј“ во Велес, основното училиште „Маршал Тито“ во струмичко Муртино и средното училиште „Ибрахим Темо“ во Струга.

спиро

Последни вести

Заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеск на својот Фејсбук профил објави дека во тек е постапка за избор на компанија за реконструкција на три училишни објекти.

„Министерството за образование и наука започна уште една активност во насока на унапредување на образовната инфраструктура.
Имено, преку Бирото за јавни набавки во тек е постапка за избор на компанија за реконструкција на три училишни објекти. Се работи за основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ во Велес, основното училиште “Маршал Тито“ во струмичко Муртино и средното училиште “Ибрахим Темо“ во Струга. Проценетата вредност на инвестицијата е 14,5 милиони денари“, напиша Ристовски.

untitled

Најчитани вести