Наскоро почнува сеопфатна борба против ИД

Наскоро почнува сеопфатна борба против ИД

Сеопфатна борба против ИД ќе започне од турските воено – воздушни бази, а акциите ќе ги предводат САД и коалицијата.

САД и Турција минатиот месец потпипшаа договор со кој Анкара им дозволува користење турски бази за борба против џихадистите на ИД.

Американски дронови и авиони пристигнуваат и наскоро почнуваме сеопфатна борба против ИД, изјави за ТРТ турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Со САД постигнавме напредок во насока на отворање на базите посебно на Инџирлик, додаде тој.

Турција и САД работат на планови за обезбедување поддршка од воздух за обучените од САД сириски бунтовници и заедно да ги протераат припадниците на ИД од појас во северна Сирија што се простира на околу 80 км по границата со Турција.

Државниот секретар на САД, Џон Кери денес во Куала Лумпур ќе се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој работи на тоа да се поттикне договор за основање алијансаза борба против џихадисти на Исламска Држава.

Ќе се разговара за повеќе прашања од заеднички интерес

Кери и Лавров на маргините на самитот на Асоцијацијата на југоисточна Азија (АСЕАН) во Малезија ќе „разговараат за низа прашања од заеднички интерес“, најави неименуван висок претставник на Стејт департментот, не наведувајќи повеќе детали.

Официјална Москва работи на тоа сириската Влада и земјите во тој регион, вклучувајќи ја Саудиска Арабија, да воспостават алијанса против џихадисти на ИД, кои зазедоа поголеми делови од сириската територија за време на граѓанската војна меѓу силите на сириската влада и бунтовниците.

САД и Турција со независна зона од ИД во Сирија

Независна зона од Исламска држава ќе формираат САД и Турција, соопштија денеска американски претставници.

zonaЦелта е воспоставување слободна зона од Исламска држава и обезбедување поголема стабилност по должината на границата на Турција со Сирија, изјави неименуван американски претставник.

Деталите на „слободната зона“ треба се уште да се разработат, но наведе дека „евентуалните заеднички воени напори нема да вклучат зона забранета за летови“, што подолго време го бара Турција, рече тој.

Договорот уследи по седмицата на насилства во Турција за што властите ја обвинија ПКК и екстремисти од ИД.

 

 

Исламска држава минатиот месец изврши напад во турскиот град Суруч, во кој загинаа 32 лица, а најмалку 100 беа повредени.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.