Наскоро подвижни аптеки во селата со помалку од 1.000 жители

Жителите на селата во кои нема аптеки, а се оддалечени со километри од градските средини наскоро нема да мораат да патуваат за да ги набават неопходните лекови.

Министерот за здравство денеска го најави проектот со кој што во селата кои имаат помалку од 1.000 жители две до три пати во месецот по претходно утврден распоред ќе пристигнува подвижна аптека со сите потребни лекови.

Тодоров објасни дека овој проект, што е надополнување на проектот „Рурален доктор“ со кој лекарски преглед  добиваат жителите на селата, директен бенефит ќе имаат 266 илјади луѓе во 1.400 населени места.

„Посебно олеснување за овие граѓани кои живеат во руралните средини и доколку примаат хронична терапија кои што преку овој проект ќе може да ја подигнат терапијата во местото на живеење“, вели министерот Тодоров.

Сите лекови во подвижната аптека ќе бидат издавани како и во секоја друга аптека.

По средувањето на правната регулатива, министерството ќе распише оглас за лиценци за подвижени аптеки на кој што ќе може да се пријават фармацевтските компании кои ќе треба да обезбедат специјално возило за превоз на лекови и фармацевтски техничар со искуство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.