Наскоро започнува обесштетувањето на поплавените

Луѓето нема да бидат оставени сами да се справуваат со последиците од невремето. ВМРО-ДПМНЕ стои зад македонските граѓани, ВМРО ДПМНЕ стои зад земјоделците во Македонија и тие уште еднаш ќе почувствуваат што значи да имаш влада која стои зад земјоделецот и оштетениот селанец кога му е најтешко и кога е најпогоден, истакна премиерот Никола Груевски на народниот собир во Битола.

Веќе правиме големи подготовки за сериозна помош и обештетување на граѓаните чии земјишта и имот беа поплавени и разработуваме варијанти за истите да бидат високо обештетени во најкраток можен рок. При крај е Извештајот за штетите од поплавите кој го работат Комисија од централната власт, општинските комисии и експерти од Светска банка. Истиот ќе ни биде предаден во конечна верзија за околу една недела од сега, потенцираше Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.