Азард во ПСЖ за 60 мил. фунти

Сопствениците на најбогатиот клуб во француската Прва лига, тимот на ПСЖ, се убедени дека за време на летниот преоден рок ќе ги осигураат и услугите на белгискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Еден Азард.

Познатиот таблоид на Островот, “Мирор”, ја пласираше информацијата дека инвеститорот од Катар е подготвен да одвои околу 60 мил. фунти за услугите на 23 годишниот крилен напаѓач кој е многу поблиску до излезната отколку до влезната врата од “Стемфорд Бриџ”. Челниците на францускиот клуб ќе се обидат да ја искористат вербалната војна која трае веќе подолг временски период на реалација Жозе Мурињо – Еден Азард.

Веднаш по завршувањето на изминатата сезона, контроверзниот менаџер на Челзи вербално го нападна белгискиот интернационалец и го посочи како еден од главните виновници за очајната сезона во домашниот шампионат и за елиминацијата во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони.

Старо-новиот шампион на Франција пред неколку дена за 40 мил. фунти ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Давид Луиз, но веднаш откако беше потврден сензационалниот трансфер, предводникот на “светците”, Лорен Блан изјави дека сака во новата клупска сезона на располагање да ги има и услугите на Еден Азард. Освен паричната понуда, можно е францускиот клуб во обратната насока да го испрати и аргентинскиот интернационалец, Езекел Лавеци кој во минатото вежеше за голема желба на сопственикот на лондонските “сини”, Роман Абрамович.