четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Насмеана ден по инцидентот: Зошто Ембер Херд ја избриша оваа фотографија?

Ембер Херд го обвини Џони Деп дека физички ја нападнал и дека и направил модринки под окото, а само еден ден по овој инцидент, таа објавила насмеана селфи фотографија на Инстаграм. Сепак, сега неможете да го видите на нејзиниот Инстаграм профил.

amber-1

Поврзани вести

Таа се појави на сослучувањето во судот со модринка под окото за која тврдела дека и ја нанел познатиот актер кој во саботата се појавил пијан и дрогиран во нивниот дом. Таа побарала забрана за приоѓање против актерот и во судските документи навела дека тој ќе се појави ненајавен во нивниот дом и повторно ќе ја повреди.

Сепак, извори блиски до актерот велат дека таа не ја говори вистината, а како доказ ја покажуваат фотографијата што таа ја објавила на Инстаграм во неделата, само еден ден по инцидентот.

На фотографијата таа е насмеана со пријателките Амбер Валета и Аманда де Каденет која тој ден славела роденден. Делот од нејзиното лице каде би требало да има модринки не се гледа од косата, а фотографијата повеќе не е на нејзиниот профил на Инстаграм затоа што актерката во меѓувреме ја избришала.

Најчитани вести