МОН: Наспроти празните ветувања на СДСМ, оваа Влада има мерливи резултати во образованието

Наспроти празните ветувања, актуелната Влада и Министерството за образование и наука имплементираат конректна стратегија за унапредување на македонскиот образовен систем на сите нивоа, со посебен акцент на високото образование и поддршката на оние граѓани кои пројавуваат интерес за студирање и стекнување на факултетска диплома, реагираат од Министерството за образование и наука на обвинувањата од СДСМ.

Во продолжение интегрален текс од сопштението на МОН:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија раководејќи со институциите на системот, вклучително и со Министерството за образование и наука, имаше можност да отвори  нови високо образовни установи и да изгради или реконструира студентски домови.

За жал, во тој период  и покрај бројните ветувања, развојот на високото образование и подигнувањето на студентскиот стандард не беа приоритет. Така што, денешната изјава е всушност веќе слушната реторика која нема кредибилитет.

Наспроти празните ветувања, актуелната Влада и Министерството за образование и наука имплементираат конректна стратегија за унапредување на македонскиот образовен систем на сите нивоа, со посебен акцент на високото образование и поддршката на оние граѓани кои пројавуваат интерес за студирање и стекнување на факултетска диплома.

Во таа насока отворени се нови високо образовни установи, студиските програми ги следат глобалните образовни текови и трендови, се градат нови студентски сместувачки капацитети и се реновираат и опремуваат постојните, набавени се нови лаборатории, се преведуваат книги и учебници од кои се учи на најдобрите светски универзитети, се отвораат читални и библиотеки, се доделуваат  повеќе од 40 различни видови стипендии, се вработуваат најдобрите студенти….

Ниту едно паушално и манипулативно соопштение на СДСМ нема да нé одврати од намерата да ги имплементираме споменатите, но и бројни други образовни проекти, мерки и активности чиј што резултат е позитивен, мерлив и видлив.