Наспроти само милион евра и блокирана сметка на владата што ги остави СДСМ во 2006-та, сега ќе наследи буџет од 180 милиони евра

Доколку успее во наредниот период од три седмици, откако Претседателот Ѓорге Иванов претходно во средата му го врачи мандатот на Зоран Заев, да формира влада, пресекот од оваа седмица според информациите од Министерството за финансии покажуваат дека неговиот СДСМ ќе наследи полн Буџет од над 180 милиони евра, средства кои се расположливи за трошење веднаш и инвестиции во разни развојни проекти, наспроти само милион евра и блокирана сметка којашто ВМРО-ДПМНЕ ги затече откако социјалдемократе паднаа од власта во 2006 година.

Од почетокот на годинава собрани се 57 милијарди денари од даноци и придонеси. Собрани се и 5 милијарди денари неданочни добивки. Приходната и расходната страна се урамнотежени. Дефицитот е речиси анулиран, и се движи околу 1 отсто.

Во 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт од околу три милиона евра предвидени за годината веќе биле платени трошоци од над два милиона евра. Остатокот од околу милион евра бил планиран за плати, наемнини и за надоместоци. Ова значи дека Владата на немала пари за плаќање на другите финансиски обврски, кои се натрупале во изминатите месеци. Причина се за тоа беа многуте судски решенија за присилна наплата на долгови кон фирми и граѓани направени изминатите години.

Кон крајот на август 2006-та по присилната наплата на доспеани долгови направени пред 2006 година сметката на Владата ѝ беше блокирана сметката откако беа активирани две решенија за присилна наплата на долг од околу 422.000 евра, побарување кон вработени од јавното претпријатие „ГА-МА“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.