Насри: Манчестер Сити мора да победи на сите 11 натпревари

Францускиот интернационалец од редовите на Манчестер Сити, Самир Насри е убеден дека најбогатиот клуб на Островот ја има најдобрата можна позиција кога е во прашање борбата за шампионската титула во англиската Премиер лига.

Манчестер Сити моментално има шест бода помалку од актуелниот лидер на табелата, тимот на Челзи, но избраниците на Мануел Пелегрини имаат одиграно и три натпревари помалку.

„Дали Манчестер Сити е поблиску до шампионската титула после неочекуваниот пораз на Челзи на гостувањето во Бирмингем? Да, сега сме поблиску поблиску до шампионскиот пехар, но многу е важно да се има на својата страна и факторот среќа, затоа што истиот често пати се има покажано како пресуден во најважните натпревари. Ние сме свесни, знаеме дека сме во одлична позиција и знаеме дека ако ги добиеме преостанатите 11 натпревари, шампионската титула повторно ќе се врати на “Итихат”, изјави младиот играч за врска.