Насри: Мундијалот ќе го следам од пред ТВ

Еден од најзаслужните за новата шампионската титула во англиската Премиер лига, стандардниот првотимец во дресот на Манчестер Сити, Самир Насри е убеден дека нема да добие покана од актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп и престојниот Мундијал во Бразил ќе го следи од пред малите телевизиски екрани.

“Мислам дека Дешамп веќе го има составено списокот со фудбалери. Јас ќе ја почитувам неговата конечна одлука. Убеден сум дека престојниот Мундијал во Бразил ќе го следам од пред малите телевизиски екрани. Јас имам статус на стандарден првотимец во еден толку голем клуб каков што е Манчестер Сити, освоив две титули во актуелната сезона и ако тоа не е доволно за да добијам покана да играм за мојата репрезентација тогаш не знам што е доволно. Нема да се жалам, нема да бидам тажен, ќе ја почитувам било која одлука на Дешамп”, изјави крилниот напаѓач.