Спорт

Насри награден со нов и побогат договор од челниците на Сити

Насри награден со нов и побогат договор од челниците на Сити

Раководните лица на најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити, сакаат францускиот интернационалец Самир Насри да го наградат со нов побогат договор.

Актуелниот договор на одличниот играч за врска завршува во 2015 година, а доколку ја прифати богатата понуда на раководните лица на Сити, ќе си осигура престој на „Итихат” до 2018 година и годишна заработувачка од 6,5 милиони евра што е за два милиони евра поголема од таа што моментално ја заработува.

Поранешниот фудбалер на Олимпик од Марсеј и на Арсенал се уште се рехабилитира од последната повреда која ја заработи на првенствениот натпревар против екипата на Њукасл, а клупскиот доктор на Манчестер Сити потврди дека Насри ќе биде подготвен за игра на стартот од месец март.