Спорт

Насри се извини за срамната елиминација од Виган

Насри се извини за срамната елиминација од Виган

Англискиот второлигаш Виган повторно се покажа како непремостлива пречка за најбогатиот клуб на Островот, Манчестер Сити.За разлика од изминатата сезона, кога беа поразени во финалниот натпревар, годинава Манчестер Сити е елиминиран од Виган во 1/4 финалната фаза од англискиот ФА Куп.

Иако игра на домашен терен, избраниците на Мануел Пелегрини одиграа под очекуваното ниво и сосема заслужено доживеаа минимален пораз од 2:1.

Францускиот интернационалец Самир Насри е порвиот фудбалер кој јавно им се извини на најверните фанови на Манчестер Сити поради срамната елиминација од второлигашот Виган.

„Одигравме под очекуваното ниво. Сите сме разочарани. Сакам јавно да им се извинам на најверните фанови. Сега мора да се фокусираме на натпреварот против Барса во Лигата на шампиони и на преостанатите натпревари од англиската Премиер лига”, изјави Насри.