Настап на „Иглс оф Дед Метал“ во Париз, преживеаните гости

Американската група „Иглс оф Дед Метал“ одржа концерт во салата „Олимпија“ во Париз, на кој присуствуваа и преживеаните и семејствата на жртвите од трагичниот концерт на бендот во „Батаклан“ од 13 ноември минатата година, за време на кој при терористички напад беа убиени 90 лица.

Настап со гитара во боите на француското знаме
Настап со гитара во боите на француското знаме

Концертот на оваа група вечерта на 13 ноември заедно со првите ноти од песната „Kiss the Devil“ на „Иглс оф Дед Метал“ се претвори во вистински масакр. Од тогаш салата „Батаклан“ е затворена, американската група ја прекина турнејата, која продолжи дури минатата сабота.

За многумина синоќешниот концерт е „тежок“, а за многу други, како и за членовите на групата, тој ќе биде „еден вид на терапија и акт на отпор“.

Мислам дека тоа ќе ни помогне да ја завртиме нова страница. Потребно е да се биде таму и да го завршиме она што не го завршивме и да имаме подобра слика, подобар крај. Сакам мојот мозок да сфати дека е завршено, дека повеќе нема опасност. Секогаш имам впечаток дека тие (терористите) ќе се вратат за да го довршат тоа што го започнаа, изјави еден од преживеаните на концертот за денешеното издание на „Паризиен“.

igls-of-death-metal-3

Тоа ќе биде нормален рок коцерт, ќе се забавуваме, изјави од страна вокалистот и гитарист на групата Џеси Хјуз.

На концертот на преживеаните им помагаше екипа на психолози, кои беа присутни за време на целиот настан. Самата група изрази желба да биде прва која повторно ќе настапи на сцената на „Батаклан“, чие отворање е предвиено за крајот на 2016 година, по нејзиното реновирање.