Македонија

Наставата по Кембриџ им дава самодоверба на децата

Наставата по Кембриџ им дава самодоверба на децата

Наставната програма на Кембриџ на децата уште во раната возраст им ја зголемува самодовербата и дава позитивни резултати во развојот на младите, беше кажано денеска на потпишувањето на вториот договор за соработка меѓу Министерството за образование и наука и Меѓународниот центар за наставни програми Кембриџ.

Абдукалим Адеми, министерот за образование, рече дека за реализација на овој проект минатата година биле потрошени 148 милиони денари или речиси 2,4 милиони евра, од кои 48 милиони денари биле потрошени за изработка на наставната програма, 74 милиони денари за изработка на книгите, како и 26 милиони за работните тетратки. Адеми додаде дека дека и за оваа година се обезбедени доволно финансии со цел да им се овозможи на младите да се образуваат според светските стандарди.

„Минатата година Владата и Министерството за образование се заложија за иомплементација на едно од најкрупните реформи во образовниот систем во основните училиште. Целта на оваа реформа беше и нашите деца да добијат образование според светските стандарди и трендови исто како и децата од земјите со најразвиените образовни системи. Минатата година оваа програма се спроведе меѓу учениците од 1-во до 3-то одделение по математика и природните предмети“, изјави министерот Адеми.

Ајше Селмани, заменик директорката на Бирото за развој, истакна дека со Кембриџ програмата се овоможува континуиран напредок, како на децата, така и на наставниците. Селмани додаде дека во моментов Бирото во изготвува извештајот за сработеното во кој се опфатени 60 посетени училишта.

Мајкл О Саливен, главниот извршен директор на наставната програма на Кембриџ, додаде дека од сите развои во едно општество, најважен е развојот на младите. Затоа преку оваа, Кембриџ програма, се отфрла класичниот и традиционален начин на образовние и на наставниците им се овозможува да го следат напредокот на сите деца одеднаш. О Саливен истакна и дека е важно поддршка да им се даде и на наставниците кои ја спроведуваат оваа програма, додајваќи дека 90 отсто од обучените наставници Кембриџ програмата им ја препорачале на своите колеги.