Македонија

Наставата во Дебарца ќе почне, штрајк нема да има

Наставата во Дебарца ќе почне, штрајк нема да има

Општина Дебрца информира дека наставата во основното образование ќе се одвива во нормални услови во сите единаесет населени места каде што се одржува настава.

-Во врска со најавениот штрајк на  СОНК од разговорот со Претседателката на СОНК во нашето Училиште Ве известуваме дека на одржаниот состанок со наставниците не била подржана одлуката од Раководството на СОНК за одржување на штрајк.Исто така на редовниот состанок пред почетокот на второто полугодие од  учебната година со Директорот на основното Училиште Дебрца беше заклучено дека нема проблеми околу одржувањето на наставата во однос на греење и превоз на учениците, се вели во соопшението од општината.

Градоначалникот според овие заклучоци ги повика родителите во вторник да ги пуштат своите  деца на настава во училиштата.

фото:webohrid