Наставната програма Кембриџ ќе продолжи да се спроведува

Наставната програма Кембриџ ќе продолжи да се спроведува
Наставната програма Кембриџ ќе продолжи да се спроведува
Продолжува воведувањето на британската наставна програма и учебници во основното и средното образование. Владата минатата година донесе одлука да се продолжи со воведување на наставната програма Кембриџ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денес потенцира дека досега резултатите се одлични и од аспект на квалитетот на програмата и од аспект на задоволството на самиот Кембриџ од кај што доаѓаат и даваат свое мислење за тоа како се спроведува и дали тие се задоволни од начинот на кој нивните програми се спроведуваат во Македонија.

Досега се воведени учебниците по математика и природни науки од прво до шесто одделение. Веќе од септември ќе бидат воведени за седмо, осмо и деветто одделение, а од следната година ќе се воведат во средните училишта. Практично сите предмети поврзани со математика и природни науки, ќе бидат согласни Кембриџ програмите кои се исклучително квалитетни. Кембриџ е веројатно најголемиот провајдер, снабдувач на квалитетни учебници во светот. Неговите учебници се користат во голем број на држави. Во најголем број се користат во приватни училишта, но во некои држави се превземаат и системски во државните училишта како што е во Македонија, рече Груевски.

Лидерот на владејачката партија потенцира дека ова е еден од најдобрите потези кои ги имаат направено затоа што генерира знаење, креативност кај учениците и поквалитетни генерации за во иднина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.