Македонија

Наставничка заболена од туберкулоза прати на итен преглед 60 ученици

Наставничка заболена од туберкулоза прати на итен преглед 60 ученици

Наставничка заболена од туберкулоза, која е вработена во основното училиште „Васил Главинов“ во Топанско Поле создаде паника и прати на итен преглед шеесетина ученици и десетина нејзини колеги.

Резултатите за среќа се негативни, а во училиштето веднаш е направена вонредна дезинфекција во училниците и ходниците.

Наставничката веќе две недели прима соодветна терапија и нејзината состојба е стабилна.