Македонија

Наставниците од Карпош се обучуваа за работа со аутистични деца

Наставниците од Карпош се обучуваа за работа со аутистични деца

Професори од Америка, Карен Робинс и Рејчел Неал и професорката Емилија Симоновска-Стојановски од американското средно училиште „Нова“ во Скопје, денеска, го завршија седумдневниот семинар за аутизмот и дислексијата кај учениците. Обуката се одржа во училишните простории на ООУ„Владо Тасевски“ и ООУ„Коменски“, а истата беше наменета за наставниците кои ќе се сретнат со ученици кој имаат ваков здравствен проблем.

Ова е прва обука која е дел од понатамошните планирани активности на професорите од Америка и американското средно училиште „Нова“ кое се наоѓа во општина Карпош. Целта на семинарот е да се обучат наставниците на методите и техниките  кои се употребуваат на учењето со учениците кои боледуваат од аутизам и дислексија, односно, како треба да се работи и како да се помогне на овие деца во процесот на учење и совладување на едукацискиот материјал.

Општина Карпош во континуитет ги поддржува овие активности кои се од големо значење за децата со здравствени проблеми, со цел да се чуствуваат моќно и здраво како и нивните врсници.