Крими хроника

Наставничка тепала директорка

Наставничка тепала директорка

Наставничка во основното училиште во скопско Зелениково ја тепала директорката, информираше МВР.

Според полицијата, вчера во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 10.10 часот се случил инцидент во училиштето. Тогаш една наставничка во ходникот почнала вербална расправија со директорката пред нејзината канцеларија.

Кавгата преминала во тепачка па наставничката  физички ја нападнала директорката.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.