Наставник му ја треснал главата од клупа на ученик

Наставник истепал ученик во основно училиште „Пашко Васа“ во село Копачиндол, тетовско.

Според полициски информации, настанот се случил на 26 јануари годинава, за што наставникот Н.С (44) од Тетово, добил кривична пријава, за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

Пријавениот, за време на наставата, физички нападнал 14-годишен ученик во училиштето за време на час.  Ученикот побарал да биде ослободен за да ја земе тетратката од дома, но наставникот не го пуштил. По ова, ученикот побарал од свој соученик празен лист од тетратка за да пишува, но пријавениот му се доближил и со рацете го оттурнал ученикот, а потоа главата му ја удрил од клупата, нанесувајќи му телесни повреди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.