Наставник од пеколот: Силувал ученичка повеќе од 4 месеци!

Небојша Гајиќ (52) од Нова Пазова е уапсен под сомнение дека силувал седумнаесетгодишно девојче, на кое и држел приватни часови по математика.

Тој се сомничи дека четири месеци сексуално се изживувал над малолетничката , заканувајќи и се дека ако каже на некој што тој прави, ќе заврши како Тијана Јуриќ, која беше брутално силувана и убиена од страна на Драган Ѓуриќ.

Гајиќ, кој не работи како професор во училиште, туку е вработен во „Железници“, на почетокот ја допирал ученичката по градите и телото, а како што поминувало времето, неговите „болни потреби“станале се поголеми.

-Ја присилувал да се соблече и го триел половиот орган од нејзиното тело. Ја присилувал да го допира по половиот орган и ја допирал по нејзините гениталии.

Се доверила на психолог

Несреќната девојка по повеќемесечното злоставување им се пожалила на роднините, кои ја посоветувале да оди на психолог.

-Кога раскажала на психологот каква тортура трпи, тој веднаш ја повикал нејзината мајка и полицијата. На 22. Октомври полицијата го уапсила Гајиќ, а постои сомнеж дека ова девојче не е единственото која преживеала ваков хорор.

По сослушувањето на Гајиќ му е одредена мерка притвор во времетраење од триесет дена.

Таткото на злоставуваната девојка вели дека е шокиран од сознанието дека неговата ќерка минувала низ пекол.

– Небојша три и пол години и држеше приватни часови по математика на мојата ќерка. И сопругата и јас го запознавме. Изгледаше грижливо и посветено кон работата. Никогаш не би помислил дека би можел да му стори такво нешто на моето дете, вели таткото на малолетничката.

Тој истакнува дека Гајиќ инсистирал неговата ќерка да оди во неговата куќа на часови, за да може подобро да се сконцентрира на учењето.

-Додека и ги правел тие ужасни работи и се заканувал на никому да не зборува за тоа. И рекол да се сети како поминала Тијана Јуриќ, бидејќи тоа може на секој да му се случи. Инсистирал тоа што се случува да остане меѓу нив, бидејќи наводно никој ништо не му може,  а неа никој нема да и верува, раскажува очајниот татко.

222

Злоставување на нивата

Тој вели дека Гајиќ ја наговарал ќерка му да ја изгуби невиноста со него.

-Ја убедувал дека тој е вистинскиот човек за неа, бидејќи некој друг маж само ќе ја искористи и ќе ја остави.Мојата ќерка не смеела да ми каже што се случува бидејќи се плашела дека ќе отидам кај него и ќе го убијам, вели тој.

Наведува и дека Гајиќ летово ја посетил неговата ќерка кај баба и и дедо и на село.

-Гајиќ ја повикал мојата сопруга и и рекол дека е во близина на селото и дека свратил да го посети нашето дете . Не претпоставувајќи ништо, сопругата го повикала на кафе. Тој тогаш ја однел мојата ќерка на нивата и ја присилувал да имаат анален секс. Дури имал понесено и вазелин. Таа плачела и го молела да ни го прави тоа, па тој тогаш грубо ја пипкал по гениталиите.

Осомничениот Гајиќ е оженет и има дете. Тој со детето живее во Нова Пазова, а жена му во странство. Многу деца имаат доаѓано кај него, тој секогаш ги собирал. Се плашам дека има уште негови жртви, кој знае што се правел години наназад, вели таткото.

Таткото на сексуално злоставуваната девојка вели дека осомничениот Небојша Гајиќ на неговата ќерка и покажувал снимка од други девојчиња, кои исто така сексуално ги злоставувал.

-На тие снимки се гледа како тој ги допира по градите и гениталиите. Тие гадости ги покажувал на моето дете за да увери дека е нормално тоа што и го прави, вели таткото.

Ќерката го брани осомничениот

Ќерката на осомничениот Гајиќ на 23. октомври, ден по неговото апсење, на својот Фејсбук профил напишала:

-Злобните суштества кои сакаат да го уништат моето семејство со одвратни лаги, можат да се носат каде сакаат, само да се што подалеку од мене и моите луѓе, стои на објавата.