Наставник случајно застрела ученик

Наставник во Пакистан случајно убил 12-годишен ученик додека во училницата го чистел пиштолот, соопшти полицијата, пренесува Б92.

Како што се наведува, наставниците во северозападен Пакистан од неодамна имаат дозвола за носење оружје во училиштата поради талибанскиот масакр 132 ученици во декември минатата година.

– Маџид Кан, професор во приватно училиште во градот Мингора, го чистел пиштолот во училницата и случајно истрелал куршум што го погодил ученикот во ходникот, навела полицијата.

Ученикот починал, а наставникот веднаш бил уапсен.

Групата талибанци упаднала на 16-ти декември 2014-та година во едно училиште во Пешавар и уби 150 лица, од кои 132 ученици.