Македонија

Највисок наталитет има во Тетово, Чаир, Сарај, Куманово и Студеничани

Највисок наталитет има во Тетово, Чаир, Сарај, Куманово и Студеничани

Интересен е податокот дека најнизок наталитет имаат општините со голем број на разводи како Карпош, Охрид, Битола и Прилеп. И обратно, општините со помалку разводи како Чаир, Сарај и Студеничани имаат одличен наталитет.

Во текот на вчерашниот ден, Заводот за статистика на Република Македонија го објави соопштението за наталитетот за првото тримесечје од 2014 година.

Општини со највисок наталитет се Тетово, Чаир, Сарај, Куманово и Студеничани, додека општини со најмал наталитет се Битола, Карпош, Прилеп, Велес, Кочани и Охрид.