Наталитет: Училиштата со помалку деца, наставниците со помалку работа

Директорите на четири основни училишта во Штип вчера од Советот на Општина Штип побарале согласност за формирање парарлелки со помал број ученици во учебната 2014/2015 година.

Претседателот на Комисијата за статус и прописи при Совет на Општина Штип, Нако Наков, за Дневник изјавил дека барањето на училиштата паралелките во прво одделение да бидат со помал број веќе неколку години наназад е пракса, бидејќи се намалува бројот на првачиња.

– Училиштата бараат помал број од 23 ученика да има во паралелките, затоа што нема доволен број на запишани деца. Училиштето „Гоце Делчев“ бара во централното училиште седум паралелки и во подрачните училишта една паралелка. Така и училиштето „Ванчо Прќе“ бара шест паралелки со помал број на ученици и една паралелка во подрачното училиште во Ново Село, изјавил Наков.

Во петте основни училишта во прво одделение се запишани околу 460 првачиња.

Најмал број на првачиња од септември ќе има во реновираното училиште во населбата Македонка, само седум првачиња ќе ја посетуваат наставата, а останатите 15 деца од оваа населба наставата ќе ја следат во централното училиште на ООУ „Тошо Арсов“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.