Наташа Габер го оправдува кршењето, палењето и тепањето од страна на „шарените“

Уставната судијка Наташа Габер, која инаку е сестра на Виктор Габер од СДСМ го оправдува кршењето, крадењето, палењето и тепањето обични граѓани за време на протестите организирани од опозицијата, пишува „Курир“.

Порталот потсетува дека во јавноста е познато оти уште во 2008 година Собранието едногласно и без дискусија, на предлог на тогашниот претседател Бранко Црвенковски ја избра Наташа Габер за судија во Уставниот суд на Република Македонија.

Наташа Габер е сестра на Виктор Габер, несуден министер за надворешни работи од СДСМ и сегашен член на Комисијата за надворешни работи на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.