Наташа и Роланд се четвртата танцова двојка која си оди дома

Пливачката Наташа Мешковска и нејзиниот професионален танцов партнер Роланд Паради се четвртата танцова двојка која го напушта шоуто „Танц со ѕвездите 2“.

Продукцијата „Дрим фактори“ направи нов чекор во втората сезона на македонската верзија на најпопуларното светско шоу „Танц со ѕвездите“. Викендов во четвртата по ред елиминациона емисија погледнавме гостување на единствениот Петар Ренџов со извонредниот Тумбао салса бенд.

Ренџов во рамки на емисијата го промовираше својот нов албум.

Погледнете го последниот танц на Наташа и Роланд во втората сезоната на „Танц со ѕвездите“ на МРТ1.