Натерајте ги децата да ги следат правилатата

Верувале или не, на вашето дете ќе му биде подобро ако сте малку построги во воспитувањето.

„Утрата беа катастрофа во нашата куќа. Да го натерам мојот шест годишен син навреме да се подготви и да излезе беше невозможно“ – раскажува загрижена мајка, која откако вовела ново правило, за нејзино изненадување, тоа функционирало беспрекорно.

Децата на оваа возраст ги сакаат правила , бидејќи тие се жедни да го дознаат она што се очекува од нив.

Направете го тоа тимска работа

Се разбира, за некои правила – како оние кои вклучуваат безбедност – не се преговара. Но можете да му дозволите на вашето дете да има збор за помалку „важни“ прашања, како на пример, за кои задолженија ќе биде одговорно, па дури и за тоа кога ќе оди на спиење. Со тоа што ќе му дадете на детето „значење“ во донесувањето на правилата, му давате чувство на контрола, што значи дека постои поголема веројатност детето посериозно да ги следи правилата кои сте ги договориле.

roditelji-deca-rucak-razgovor-1361477370-271689

Направете разлики

Тоа може да биде тешко за дете кое на работите што сака да ги разбере гледа црно и бело, поради што, пак, може да направи нешто што не му е дозволено.  Објаснете му на детето дека секое семејство има различни правила и исто како родителите на неговите  пријатеи кои ги создаваат правилата во нивната куќа, вие создавате во вашата.  Ако е можно, дајте му на вашето дете едноставно објаснување за тоа зошто имате одредено правило. На пример, ако не му дозволувате на детето да го гледа филмот што неговото другарче го гледало, можете да кажете: „Не ми се допаѓа начинот на кој луѓето во тој филм разговараат едни со други. Во нашето семејство, ние гледаме филмови каде што луѓето се љубезни и зборуваат убаво еден со друг“.

 Гледајте нанапред

Во авантурите надвор од домот, поверојатно е дека вашето дете ќе ги следи правилата кои му се свежо врежани во неговиот ум. Значи, пред да влезат во предизвикувачки ситуацији, разгледајте ги со него најважните три приоритети. Многу е полесно за деца на оваа возраст да  направат нешто отколку да не направат ништо.  На пример, додека одите со автомобилот кон црква, наместо да го предупредувате детето да не зборува гласно, потсетете го да зборува тивко за време на црковната службата. Ако еднаш сте разговарале за основните правила со детето и заедно сте ги повториле,  тоа ќе ги зголеми шансите детето да се држи до нив, кога ќе дојде време.

Предупрете ги за последиците

Кога вашето дете крши правило, предупредете го. Но, ако го повторува истото однесување, ќе мора да се делува. Ако детето сфати, не дозволувате договорените правилата да се кршат, постои мала веројатност една грешка да се повторува често.
Меѓутоа, ако вашето дете се чини дека постојано се бори  со граници – дома или на друго место , сфатете ја посериозно ситуацијата.
Кај децата, поголемиот дел од времето се сведува токму на кршење правила, бидејќи сметаат дека не добиваат доволно признание за она што го направиле добро, па се обидуваат на погрешен начин да привлечат внимание.  Да се сврти  работата поинаку, дајте им на децата некои едноставни правила кои што знаете дека можат да ги исполнат. Потоа, пофалете ги кога тоа ќе го направат.

deca--roditelj--

Награда задобро однесување

Во повеќе случаи, со тоа што ќе му кажете му на вашето дете дека направилно одлична работа или дека за тоа добива вистинска „петка“, му давате поттик за да продолжи да ги следи правилата.  Доволно е да се практкуваат пофалби за следење на правилата.
Само внимавајте, наградата не треба да биде нешто премногу скапо. Наградата може да е некоја специјална прошетка во парк, десерт пред вечера и слично.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.