National Geographic ќе снима реконструкција за падот на владиниот Кингер

„National Geographic“ е заинтересирана за снимање емисија за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски, објави Сител.

Најголемата истражувачка телевизиска мрежа во светот како дел од емисијата во која се истражуваат авионските несреќи сака да направи целосна реконструкција на летот и падот на авионот во кој загина поранешниот претседател Борис Трајковски, неговите соработници и екипажот.

Информацијата, за Сител ја потврди и Омер Кулиќ кој признава дека неколкупати досега бил контактиран од нив, за да стартуваат со снимањето и реконструкцијата на случајот.

Емисијата на „National Geographic“ која ги истражува авионските несреќи, е една од најценетите и со најголем рејтинг меѓу гледачите бидејќи сликовито и со опширни анализи доаѓа до одговорите. Таа стартувала се емитување на 3-ти септември 2003-та а досега се снимени 15 сезони и повеќе од 130 епизоди.