среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 0

НАТО апелира да се смират тензиите меѓу Турција и Русија

Дипломатијата и деескалацијата се значајни за надминување на сегашната ситуација - порача Столтенберг во писмена изјава.

Ако Подгорица му се придружи на НАТО, Русија ќе ги прекине проектите во Црна Гора

Ако Подгорица му се придружи на НАТО, Русија ќе ги прекине проектите во Црна Гора

Последни вести

Советот на НАТО денеска одржа вонреден состанок во врска со соборувањето на рускиот авион од страна на турски ловец, на кој е оценето дека треба да се постигнат и да се почитуваат договори за избегнување вакви инциденти во иднина.

Јасно повторувавме дека изразуваме солидарност со Турција и поддршка на територијалниот интегритет на нашиот сојузник – се наведува во писмената изјава на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг објавен по состанокот.

Столтенберг натаму нагласува дека за настанот разговарал со турскиот премиер Ахмед Давутоглу, како и дека Турција го информирала НАТО оти соборила авион на руското Воено воздухопловство, кој го нарушил турскиот воздушен простор.

И претходно изразував загриженост поради можните последици од воените акции на Русија во близина на границите на НАТО -наведува Столтенберг во изјавата, додавајќи дека Алијансата внимателно ќе го следи развојот на настаните на своите југоисточни граници.

Првиот човек на НАТО натаму апелира за продолжување на контактите меѓу Анкара и Москва и повикува на смирување на тензиите и на деескалација на состојбата.

Дипломатијата и деескалацијата се значајни за надминување на сегашната ситуација – порача Столтенберг во писмена изјава.

Најчитани вести