НАТО бомбардирања во Југославија – 16 години потоа

На денешен ден пред 16 години започнаа НАТО бомбардирањата врз Сојузна Република Југославија.

Од 1.200 до 4.000 луѓе го загубија животот во нападите кои траеја 11 недели.

Во бомбардирањата кои без престан траеја 78 дена тешко е оштетена инфраструктурата, училиштата, здравствените установи, медумските куќи и спомениците на културата.

Нападот врз Србија, односно врз СРЈ беше извршен без одобрување од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации, што беше преседан.

Тогашна Југославија беше нападната како виновник за нуманитарната катастрофа во Косово и Метохија  и неуспешните преговори за идниот статус на покраината кои се водеа во Рамбује и Париз.

Откако српскиот парламент одби странски трупи на својата територија и предложи силите на Обединетите нации да го надгледуваат мировното решение на судирот на Косово, НАТО на 24 март 1999 година во 19 часот и 45 минути започна воздушни напади на повеќе локации во Србија и Црна Гора.