НАТО бара од Германија повеќе пари

Генералниот секретар на НАТО, Јан Столтенберг, по повод 60. годишницата од учеството на Геерманија во НАТО, ја потсетил владата во Берлин на целта на Сојузот, трошоците за одбрана да се зголемат на два отсто од внатрешниот бруто производ, пренесуваат германските медиуми, укажувајќи на тоа дека Германија во овој момент за одбрана издвојува 1,2 отсто.

Столтенберг за „Зидојче цајтунг“ кажал дека се обраќа на сите партнери во НАТО, но дека Германија како голема индустриска сила, има своја тежина.

Америкнците даваат 4 отсто од својот бруто внатрешен производ за одбрана, а во Европа само некаде околу еден процент. Тоа не е фер при делење на товарот, рекол генералниот секретар на НАТО.

Имено, НАТО, на својот самит во Влс минатата година, донесе одлука земјите-членки во следната деценија да издвјуваат 2 проценти од внатреешниот бруто производ за одбрана. До сега само пет од 27 земји, членки на сојузот, издвојуваат толку – Америка, Велика Британија, Грција, Полска и Естонија, истакнуваат германските медиуми.

Германија својот воен буџет планира постепено да го зголемува во следните четири години, од сегашните 32,97 на 35,01 милијарда евра, што е недоволно за целите на НАТО.

Германија одбележува 60 години членство во НАТО. Таа на 6 мај 1955 година стана 15. по ред членка на НАТО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.