НАТО: Има значително повлекување на руските војници од Украина

Портпаролот на НАТО, потполковникот Џеј Јанзен соошти дека Алијансата регистрирала значително повлекување на руските војници од Украина.

Според него, сепак, во земјата се уште има илјадници руски војници.

– Тешко е да се утврди нивниот точен број, бидејќи проруските сепаратисти контролираат неколку гранични пунктови и војниците постојано преминуваат од едната на другата страна на границата, посочи Јанзен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.