НАТО ќе се приклучи кон коалицијата предводена од САД во борбата против ИД

НАТО ќе се приклучи кон коалицијата предводена од САД во борбата против Исламска држава, со што ќе биде задоволено едно од клучните барања на американскиот претседател Доналд Трамп, а со тоа Алијансата посериозно ќе се ангажира во борба против тероризмот, изјави денеска дипломатски извор.

– Постојаните претставници на земјите членки на НАТО тукушто донесоа одлука. Допрва треба да биде официјално објавена на утрешната средба на врвот на Алијансата, додаде тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.